Have an account?

Forgot your password?

Institute For Sociological Political and Juridical Research St. Cyril and Methodius University

Ul. Partizanski odredi bb
tel: +389 (0) 2 3061 760, fax: +389 (0) 2 3061 282
website: www.isppi.ukim.edu.mk


Пред 45 години, со Одлука на Универзитетскиот совет на Универзитетот "Св.Кирил и Методиј" во Скопје е формиран Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања со задача:
 
     научно да ги проучува социолошките и политичко-правните појави во земјата, да го поттикнува и
     организира
 
     проучувањето на прашањата од социолошките и политичко-правните науки и од развитокот на
     општеството;
 
     да ги разработува и усовршува истражувачките методи во општествените науки;
 
     да работи на усовршување на научни кадри и да подготвува научен подмладок од областа на
    социолошките и политичко-правните науки;
 
     да обезбедува материјални и други услови за студиска и истражувачка работа;
     
     да организира разни форми на работа со стручни кадри, заради нивно оспособување за самостојна
     научна работа;
 
     да организира собирање на документација за изведување на практична настава и вежби на наставата
     на факултетите и општествените науки на Универзитетот во Скопје;
 
     да обезбедува настава од сите степени по општествени науки за сите факултети на Универзитетот во
     Скопје;
 
     да организира претставување на проблемите од областа на социиолошките и политичко-правните
     науки по пат на советувања, дискусии и други погодни форми;
 
     да ги обезбедува и непосредно соопштува резултатите од својата научноистражувачка работа;
 
     да издава публикации;
 
     да развива сестрана научна соработка со соодветните установи, организации и поединци што се
     занимаваат со проучување на социолошките и политичко-правните науки во земјата и странство (од
     Одлуката).
 
Оваа Одлука на Универзитетскиот совет, според тогашната процедура, ја потврди Извршниот совет на Собранието на СРМ на 5.02 1965 година, а Институтот започна со работа на 18 октомври истата година.
 

Статус и основна дејност

Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања е научна установа во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј” во Скопје. Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања врши, научно-истражувачка дејност во социолошки, политички, правни, организациони, комуникациски и други научноистражувачки подрачја и врши образовна дејност на социолошки, политички, организациони и комуникациски наставно-научни области од втор и трет циклус на студии.

Библиотека

Библиотеката на Институтот учествува и дава свој придонес во креирањето на политиката на библиотечното работење во рамките на интегрираниот библиотечен систем на Универзитетот.
Библиотеката на Институтот ја собира, ја уредува и ја распоредува научната, студиската и стручната литература и на наставно-научните кадри, на соработниците и на студентите им ги дава информациите и знаењата за студиите и за научната работа, ги образува од гледна точка на употребата на библиотечниот фонд и од гледна точка на барањето информации и изработува библиографија за високообразовните наставници и научни работници.

ОРГАНИ НА ИНСТИТУТОТ

Органи на Институтот се: Научен совет, Директор и Институтска управа.

Кадар

 

Кадровската структура на Институтот ја сочинуваат близу 30 вработени, од кои две третини се научно-истражувачки кадри. Освен спомнатите, Институтот има и широка мрежа надворешни соработници вклучени во истражувачката и наставно-научната дејнсот. Ова е резултат на активната кадровска политика што Институтот ја спроведува, со постојан прием на млад научен кадар и, усовршување и стекнување со повисок степен на образование и повисоки научно-наставни звања на вработените. Воедно во Институтот на подолг или пократок рок, редовно престојуваат експерти или млади научни кадри што од странство на студиски престој доаѓаат кај нас.

Посебно би напоменале дека академските кадри на Институтот, вработени во него или неговите постојани надворешни соработници, речиси по правило, имаат богато меѓународно искуство стекнато преку образование или студиски престои на странски универзитети или пак во контекстот на реализација заеднички проекти со странски партнери, учество на меѓународни собири, симпозиуми и конгреси и објавување трудови во странство. Разбирливо, академскиот квалитет, професионалноста во приодот, познавањето странски јазици и умешноста во користењето најсовремена компјутерска техника, во контекстот на интензивната меѓународна сорабортка што Институтот ја има, е своевиден предуслов да се биде дел од него.

Во овој контекст, би сакале да нагласиме дека Институтот создава квалитетен научен кадар не само за своите потреби, туку и за пошироката заедница. Имено, од основањето до денес, од Институтот, за наставници во речиси сите наставни звања, на Правниот, Филозофскиот и на некои други факултети заминаа 27 научни работници. Исто така, значаен број соработници на Институтот извршуваа и извршуваат значајни државни и други функции.