Have an account?

Forgot your password?

MTP Sport Club

Ul. Varshavska bb, S.U. "Gjorgji Dimov"
tel: +389 (0)2 3064 421; +389 (0)78 398 767, fax:
website: www.mtp.com.mk



ЗОШТО НИЕ

МТP спортскиот клуб нуди висококвалитетни услуги кои вклучуваат обуки, натпревари, најмување терен за рекреација, уживање во спортските и воопшто во дневните активности, организација на спортски евенти и родендени... Кафе барот и снек барот го нудат вашиот посакуван пијалок и храна, а игротеката за забава и разонода на најмладите.


Историјат

Малку историја…

ТК МТП постои од 1995 година. Создаден е како резултат на тениска идеја која беше поддржана и реализирана со помош на неколкумина љубители на тенисот, во време кога Македонија ги живееше првите години од осамостојувањето, па и организацијата на тенисот како и се друго ги доживуваше промените предизвикани од оваа состојба.
Малку официјални податоци…

ТК МТП е член на Македонската Тениска Федерација од 1995 година. Натпреварувачите на ТК МТП се исто така регистрирани членови на МТФ и земаат редовно учество на сите турнири организирани од страна на МТФ.

Натпреварувачите на ТК МТП 15 пати освојувале Државни првенства во различни категории, повеќе пати станувале вице шампиони или биле полуфиналисти. Освоени се многу Екипни првенства и Отворени првенста, во организација на МТФ.

Исто така натпреварувачите на ТК МТП имаат забележителен настап и на меѓународни турнири во организација на ЕТА и ИТФ, како и на турнири во организација на Тениските федерации на соседните земји.

Кратко за сегашноста…

Досегашното искуство и постигнатите резултати ни даваат за право да сериозно размислуваме во правец на квалитетен детски и јуниорски тенис.

За таа цел сегашната организација се темели на организација на:
- Детски тенис – реализација на идејата за еден нов пристап кон вклучување на децата во тениската игра и натпревар, во што се вклучени деца од 4 до 10 годишна возраст
- Јуниорски екипи – во кои се вклучени сите натпреварувачи на ТК МТП во соодветни категории
- Тениска академија – каде го пласираме стеканатото тренерско знаење и искуство, организациско искуство, инфраструктура и можности кои ни ги нуди нашето поднебје за создавање на оптимален пакет на тренинзи и подготовка на играчи со високо натпреварувачки амбиции.
…и дел за сите!
Покрај јуниорскиот тенис, ТК МТП е место каде и голем број на рекреативци добро се забавуваат. Природниот и едноставен амбиент го прават ТК МТП место каде сите добро се чуствуваат и уживаат во убавините и забавата што ја нуди спортот.


Мисија

Почитувани,

Со голема чест и искрена доза на благодарност сакаме да Ви ги честитаме Божиќните и Новогодишните празници. Изминатава година Ни беше исполнета со прекрасни друженања како на спортските терени, така и надвор од нив.

Взаемното запознавање како и градењето на доверба со нашите корисници, како и препознавање на Вашите побарувања во однос на МТП Спорт Клуб беа нешто кон што се стремевме цела година да бидеме подбри со секое време.

Ваше ново доагање. За да се изгради едно ниво на однос и доверба помеѓу корисниците на услугите што ние како клуб ги нудиме и самите вработени во МТП Спорт Клуб потребно е време, време кое досега ние сакаме да констатираме дека одлично сме го искористиле за да лично и засебно одговориме на секој клиент одделно. Се потрудивме секој аспект од Нашиот заеднички спортски клуб да го подигнеме за најмалку едно ниво погоре, без разлика дали тоа се однесува на инфраструктурата на самиот спортски центар, квалитетот на терените, и најважно од се услугата која ја нудиме сите ние-тренерите, менаџерите и персоналот. Се обидовме да претвориме една дамнешна визија во суштинска реалност, а тоа беше да кај секој од нас го доближиме спортот до секојдневниот динамичен живот што го водиме. Сите евенти што ги организиравме во текот на оваа 2012 година беа со цел да Ви го приближиме МТП Спорт Клуб како Ваш втор дом каде ќе го добиете она вистинско чувство дека навистина припаѓате некаде и дека некој навистина се грижи за Вас. Верувам дека ќе се сложите дека живите свирки на Владимир Цеткар Трио и Сессион Селектион беа несекојдневно одлично дружење придружени со натпреварите во микс дубл, родител/дете турнирот, сингл и дубл лигите! Но да не ги изоставиме и несекојневните успеси на дел од нашите натпреварувачи а тоа се први места на државното првенсто до 12 години (Христо Плашевски), прво место на екипното до 12 години(Андреј Андреевски и Христо Плашевски), Прво место на сениорско првенство во двојки(Игор Андоновски и Дамјан Домазетовски), Први места на Александра Лозановска на Отворени првенства на Македонија, и второ место на Томислав Андреевски на државно првенсто до 14 години.

Можеме само да Ви ветиме дека во 2013 ќе работиме со уште посилно темпо и че Ве очекуваат уште многу пријатни изненадувања. Голема чест и задовство Ни претставува самиот факт што изминатава 2012 година ни донесе исклучителни пријателства со многу луѓе, пред се верни корисници на МТП Спорт Клуб и тие ќе бидат нашиот главен мотив да го подигнеме имиџот на Нашиот клуб за уште едно скалило погоре.

Со почит,
МТП Спортс Клуб


Тренери

» Круно Деспотовски

• Координатор на тениската програма
Државен јуниорски првак на Македонија во повеќе категории, највисок дострел e 7то место на европската ранг листа до 14год. Круно има завршено College во САД, за да потоа работи 8 год. во тренерските води. Седум години работи како главен тренер во Greenwich Racquet Club каде што ја водеше програмата заедно со Рикардо Леон.

» Владимир Чубриновски

• Главен тренер на тениската натпреварувачка програма
Државен првак на Македонија во повеќе категории… 7год. национален тренер во Британија за млади професионалци водејќи ги на Гранд Слем и почетни професионални турнири. Соработка како тренер со најголемата спортска менаџмент компанија IMG, водејќи нивни спонзорирани играчи на најпрестижни светски турнири.

» Дарко Марковски

• Тениски тренер
Член на македонската јуниорска репрезентација во повеќе возрасни категории. Работи како тренер повеќе од 10 години и има богато тренерско искуство во создавање на натпреварувачи како и водење на рекреативен тенис!

» Небојша Милутиновиќ

• Тениски тренер
Тенис тренира повеќе од 10год. Во категориите до 14год. и 16год. поранешен топ 4 играч на ниво на Р. Македонија. Има учевствувано на повеќе интернационални турнири во Р. Србија и Р. Бугарија.
Како тренер работи повеќе од 2год.

» Андреја Исаиев

• Тениски тренер
Тениски јуниорски натпреварувач во сите јуниорски категории, учествувано на повеќе интернационални турнири. Андреја има 3 години тренерско искуство!

» Владимир Томиќ

• Спортски менаџер на MTP Sports Club
Државен првак и вицешампион во повеќе категории во Македонија… Школуван во САД (1999-2003) по добивање на тениска стипендија од Webb School of Knoxville. Се има натпреварувано во САД како тенисер и го има предводено тимот на Webb School of Knoxville до финалето на регионалното првенство на сојузната држава Тенеси. Неколку пати прогласуван за играч на годината од страна на Knoxville News – Sentinel.
Работно искуство како тренер има повеќе од 3год. со млади категории на играчи.