Have an account?

Forgot your password?

Eurostart Real Estate Agency

Ul. Dame Gruev br.16 DTC Paloma Bjanka kat 3 loc. 14,
tel: +389 (0)2 3215 888, fax: +389 (0)2 3215 887
website: www.eurostart.com.mk


ДОБРЕДОЈДОВТЕ НА ПОРТАЛОТ НА ЕУРОСТАРТ

СЕКОГАШ ЧЕКОР ПРЕД ДРУГИТЕ СО НАЈДОБРА ПОНУДА НА НЕДВИЖНОСТИ !

- Компанија
- Организација
- Пазари
- Услуги

ЕУРОСТАРТ е специјализирана фирма со основна дејност – посредување при промет со недвижности и консалтинг, формирана од страна на искусен менаџерски тим и стручен кадар од областа на недвижности. Професионално и успешно дејствуваме повеќе од петнаесет години на пазарот за недвижности, започнувајќи од 1993 година.

Цел на нашата компанија е максимална грижа кон нашите клиенти, чии барања потполно се задоволуваат од нашите услуги и нивниот квалитет. Клиентите претставуваат нашиот највисок приоритет и наша примарна цел е тие да бидат задоволни.

Флексибилната структура на компанијата и долгогодишното искуство овозможуваат давање на брз одговор на прашањата и барањата на клиентите.

Едно од нашите главни достигнувања е тоа што успеавме да направиме нешто ново на пазарот за недвижности. ЕУРОСТАРТ има специјално развиен софтвер кој што овозможува достапност и целосен преглед на понудата на пазарот за недвижности. Информациите за понудата се надополнуваат и ажурираат во текот на целиот ден.

ОРГАНИЗАЦИЈА


ЕУРОСТАРТ
е тим на искусни и компетентни професионалци, кои преку постојано следење и анализа на пазарот може да одговори на сите предизвици.

Нашите вработени нудат професионалност, стручност, брзина, доверливост и работа во согласност со правните регулативе.

 

 

ПАЗАРИ

ЕУРОСТАРТ како дел од глобалната мрежа опстојува и работи на пазарот на недвижности во повеке земји, речиси низ целиот свет.
Нашата онлајн понуда е достапна 24 часа на ден, од било која локација .
Главни пазари се:
Македонија
Србија
Германија

 

УСЛУГИ

Продажба и изнајмување на имот: станбени, деловни простории, градежно земјиште,
Инвестициски консалтинг,
Анализа на пазар,
Правен консалтинг при посредување
Консулатции за инвестирање во недвижност,
Асистенција при добивање на кредити,
Рент а кар услуги,
Едноставна online (интернет) резервација и плаќање

ЕУРОСТАРТ има богато искуство во соработка со голем број компании, амбасади, странските претставништва и многу други. Посебно ги нагласуваме успешно завршените процедури за издавање на ексклузивен деловен и стамбен простор, како и посредување за странски претпријатија, нивни претставништва, вили за резиденции (амбасади, конзуларни претставништва....).

ЕУРОСТАРТ овозможува:
Да дознаете која е вашата вистинска опција
Подготовка на сите потребни документи за вашиот недвижен имот
Обезбедување маркетинг за вашиот имот и истакнување на неговите предности
Експертиза која ќе го спаси вашето драгоцено време
Професионализам и максимална посветеност

Нашата компанија сите недвижности ги добива директно од сопствениците со ексклузивни договори и комплетна документација која што е врзана со самиот недвижен имот.
Посредуваме сигурно и квалитетно. На своите клиенти им нудиме целосна услуга, од презентирање на понуда, комплетирање на документација, советодавна подршка, изготвување договори во согласност со правните норми и регулативи, до заведување на правото за сопственост. Ги проверуваме сите правни аспекти за секој недвижен имот, секогаш сме спремни да Ви понудиме целосна подршка и помош.

ЕУРОСТАРТ гради успех на долг рок, кој нуди целосна меѓусебна доверба.

Со почит
Еуростарт